Нов пораз на македонските младинци на ЕП за кошаркари до 20 години

Од:

Младата кошаркарска репрезентација на Македонија загуби од соодветната селекција на Косово во првиот натпревар од разигрување за пласман на Европското првенство (Дивизија Б) што се одржува во Ородеа, Романија.

Избраниците на Мирко Петрески одлично го отворија мечот и првиот период го добија со 13 поени разлика (29-16). Сепак, во продолжението црвено-жолтите го загубија ритамот и му дозволија на противникот да ги добие преостанатите три периоди (12-19, 9-16, 14-15) за на крајот да слави победа со 64-66.

Македонија го имаше последниот напад, но шутот за победа на Серафимов не ја погоди целта.

Дамјан Робев со учинот од 16 поени, 8 скокови, 5 асистенции и 4 украдени топки беше најзабележителниот поединец во репрезентацијата на Македонија, за која сега претстои дуелот против Белорусија за пласман од 13 до 16 место.

Мечот Македонија – Белорусија ќе се игра попладнево од 15 часот и 15 минути.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ