Нов пораз на Мајами

Од:

Индијана Пејсерс на домашен терен го декласираа Мајами со 94:75 и поведоа со 2-1 во полуфиналната серија на Истокот во која влегоа како аутсајдери.

Победата на Индијана сред Мајами во вториот дуел од нивната плејоф серија не беше случајна, а доказ за тоа беше третиот наптревар, во кој Пејсерси покажаа дека никако не треба да се сметаат за аутсајдери.

Пред својата публика во Индијанаполис тие им одржаа лекција на гостите од Флорида, совладувајќи ги со 94:75 за водство од 2-1 во полуфиналето на Истокот и многу грижи за тренерот на Хит, Ерик Сполстра.

Џорџ Хил со 20 поени беше најефикасен кај Пејсерси, а Рој Хиберт со 19 поени и 18 скокови одигра одлично во рекетот, кој се надева дека ќе заигра за Дрим тимот на претстојната Олимпијада во Лондон. Дени Гренџер ги следеше со 17 поени, а Дејвид Вест додаде 14 поени и девет скокови.

Мизерна вечер за Мајами имаше Двејн Вејд, кој средбата ја заврши со само пет поени и шут од игра од 2/13. Ол-стар бекот имаше и пет скокови, но и пет загубени топки, а во текот на средбата се скара и со тренерот и со соиграчите.

„Тој вечерва очигледно не личеше на себе. Дали сака да игра подобро од ова? Секако. Тој е еден од најдобрите играчи на светот“, рече по средбата Леброн Џејмс.

Марио Чалмерс со 25 поени беше изненадувачки прв стрелец за гостите, за кои Леброн имаше 22 поени (16 во првото полувреме). Единствен друг двоцифрен кај Хит на оваа средба беше Џоел Ентони со 10 поени од клупата.

Губењето на битката во скокот со убедливи 52:36 на оваа средба, слабата партија на Вејд, повредата на Бош, како и фактот дека цела оваа серија Мајами има шут за три поени од само 5/42 се јасни показатели дека Сполстра и неговите ѕвезди имаат многу работа пред себе во пресрет на четвртиот дуел, кој се игра во недела и по кој би можеле да се најдат и во минус од 3:1.

Додека екипата на Сан Антонио уште еднаш пред своите навивачи оствари триумф против Лос Анџелес Клиперс во полуфиналето на Западот и поведе со 2-0.

 

Предводени од славеникот Тони Паркер (30-ти роденден), кој постигна 22 поена и Тим Данкан, кој реализираше 18 поени, „Мамузите“ победија 105:88.

Би можело да ве интересира

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите

ЕСПН: Никола Топиќ ќе биде шести пик на НБА драфтот

Горан Наумовски

Трипл-дабл на Јокиќ во победата на Денвер против Милвоки

Адетокунбо: Ги разбирам нашите навивачи кои не исвиркаа