Лидерот на Истокот, Торонто против Кливленд ја забележа четвртата последовна победа, вкупно 11-та во сезоната. Репторси во Охајо триумфираа убедливо со 110:93. Кливленд го запиша седмиот пораз во 12-от меч од почетокот на првенството.
Кливленд, кој по враќањето на Леброн Џејмс и трансферот на Кевин Лав се издвои како еден од главните фаворити за титулата, никако да влезе во посакуваниот ритам.
Кавалирс против Торонто имаа предност и од 18 поени во првата четвртина, но ниту тоа не им беше доволно да забележат победа. Вилијамс со 36 и Ловри со 23 поени беа најефикасни во редовите на Торонто, додека Лав со 23 поени го предводеше Кливленд. Џејмс мечот го заврши со 15 поени и 10 асистенции.
Индивидуално мечевите во НБА лигата кои се одиграа во ноќта помеѓу саботата и неделата минаа во знакот на Никола Вучевиќ и Ентони Дејвис. Вучевиќ во поразот на Орландо од Мајами (92:99) имаше учинок од 33 поени и 17 скокови, додека Дејвис во победата на Њу Орлеанс над Јута (106:94) постигна 43 поени.
Индијана-Феникс 83:106
Орландо-Мајами 92:99
Кливленд-Торонто 93:110
Њујорк-Филаделфија 91:83
Хјустон-Далас 95:92
Минесота-Сакраменто 101:113
Милвоки-Вашингтон 100:111
Сан Антонио-Бруклин 99:87
Јута-Њу Орлеанс 94:106.