Нов пораз на Голден Стејт на домашен терен

Од:

Актуелниот шампион на НБА лигата Голден Стејт ноќеска претрпе нов пораз и сега доколку сака да го собори рекордот на Чикаго од 72 победи, оваа екипа мора на последните четири натпревари од регуларниот дел да постигне позитивни резултати.

Голден Стејт загуби дома од Минесота по продолжение, а притоа испушти и двоцифрена предност.

Најефикасни кај Минесота беа Шабаз Мухамад со 35 поени (рекордни за него во кариерата) и Ендрју Вигинс со 32. Кај Голден Стејт Клеј Томсон постигна 28, а Стеф Кари 21.

Резултати на ноќеска одиграните дуели:
Филаделфија – Њу Орлеанс 107:93,
Торонто – Шарлот 96:90,
Мајами – Детроит 107:89,
Атланта – Феникс 103:90,
Мемфис – Чикаго 108:92,
Милвоки – Кливленд 80:109,
Денвер – Оклахома Сити 102:124,
Јута – Сан Антонио 86:88,
Сакраменто – Портланд 107:115,
Голден Стејт – Минесота 117:124,
ЛА Клиперс – ЛА Лејкерс 103:81.

Пласман Источна конференција: Кливленд 56-22 (победи-порази), Торонто 52-25, Атланта 46-32, Бостон 45-32, Мајами 45-32, Шарлот 44-33, Индијана 41-36, Детроит 41-37, Чикаго 39-39, Вашингтон 37-40,…

Пласман Западна конференција: Голден Стејт 69-9, Сан Антонио 65-12, Оклахома Сити 54-24, ЛА Клиперс 49-28, Мемфис 42-36, Портланд 42-37, Далас 39-38, Јута 39-39, Хјустон 38-39,…

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on