Нов најдобар ранг на Ѓорческа

Од:

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа на денешната ранг листа на ВТА и во поединечна конкуренција и во двојки, има најдобар ранг во својата кариера. Таа со победи на фјучрсот претходната недела во Штутгарт освои по 50 поени.

Во поединечна конкуренција се проби на 251 место и има скок од 35 места откако на претходното рангирање беше на 286 место. Ѓорческа има 197 поени. На следното рангирање со поените од Торино (30 за финале) треба да биде околу 235 место.

Во конкуренција на двојки ја проби „бариерата од 200 место“ и со 330 поени се наоѓа на 199 место (скок 7 позиции). И во оваа конкуренција ќе може да напредува следната недела и да стигне околу 185 место.
Од македонските тенисерки ранг има и Магдалена Стоилковска. Таа се наоѓа на 1.248 место (поединечно) и 1.023 место (двојки).

На врвот на ВТА листа по триумфот на Вимблдон остана Серена Вилијамс, додека финалистката Анжелик Кербер се проби на второто место, пред Гарбине Мугуруза (пад за едно место) и Агнешка Радванска (пад за едно место), а Симона Халеп остана на петтата позиција.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен