Ракометарките на Норвешка се првиот финалист на Светското првенство кое што се игра во Германија откако во полуфиналето беа подобри од селекцијата на Холандија.
Со убедливи 32:23 Норвежанките го изборија плсманот во финалето. По првите 15 минути, тие водеа со 10:2 со што веќе беше јасен победникот и успеаја да го задржат водството до крајот на натпреварот.
Најефикасна беше Нора Мерк со осум постигнати голови.