Норвешка – најатрактивна земја за бизнисот со електромобили

Од:

Електромобилите полека, но сигурно се пробиваат на светскиот пазар, но никаде толку доминантно како во Норвешка.

Оваа скандинавска држава стана „ветена земја“ за производителите на возила на електричен или хибриден погон. За разлика од 2016 година, кога нивниот удел на автомобилскиот пазар во Норвешка беше 40 отсто, лани тој процент порасна на 52 отсто.

Норвешка е прилично „дарежлива“ кон купувачите на еколошки возила, при што речиси сите даночни обврски се укинати, а сето тоа го надополнуваат и поволните паркинзи, бесплатното полнење и поевтините патарини.

Омилени еколошки автомобили на Норвежаните им се „Фолксваген е-Голф“, „Бе-Ем-Ве и-3“, „Тојота Рав-4“ и „Тесла Модел Икс“.

Би можело да ве интересира

„Сони“ најави компанија за електромобили

Ана Ололовска

„БМВ“ го продаде милионитиот електромобил

Ана Ололовска

Нова „батерија на иднината“ за електромобили

Ана Ололовска

Џенерал моторс повлекува повеќе од 73.000 електрични возила од пазарот

Ана Ололовска

Норвешка е прва во светот според купени електрични автомобили

Ана Ололовска

По 2035 година, Јапонија останува без автомобили на бензин

Ана Ололовска