Норвешка – Црна Гора во финалето на ЕП за ракометарки

Од:

Репрезентациите на Норвешка и на Црна Гора денеска ќе играат во финалето на 10-тото Европското првенство во ракомет за жени, што се одржува во Србија.

Во првиот полуфинален дуел петкратниот европски шампион и актуелен бранител на титулата, Норвешка, ја совлада Унгарија со 30:19 (полувреме 16:11).

Домаќинот Србија во вториот полуфинален натпревар одигран во „Комбанк Арена“ во Белград, во неизвесна завршница загуби од Црна Гора со 27:26 (полувреме 13:14), промашувајќи го последниот напад за изедначување, по што следуваше голема радост за Црногорките.

Во натпреварот за 5. место, Данска ја совлада Русија со 32:30 (поувреме 15:15).

Финалето Норвешка – Црна Гора е закажано за денеска во 17 часот, а натпреварот за 3. место меѓу Унгарија – Србија се игра во 14:30 часот.

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он