Ноле срдечно го пречека Димитров во Србија

Од:

Бугарскиот тенисер Григор Димитров допатува во Белград поради учество на хуманитарниот настан „Адрија тур“.

Тој настан ќе се одржува во главниот град на Србија од 12 до 14 јуни.

Некогашниот трет тенисер во светот беше дочекан на аеродромот „Никола Тесла“ од страна на светскиот тенисер Новак Џоковиќ заедно со директорот на турнирот Џорџе Џоковиќ.

Во Србија, Бугаринот пристигна заедно со неговиот тренер Грох со кој соработува уште од минатата година.

Двајцата тенисери пријателски се поздравија, а организаторот на настанот Џорџе соопшти дека сооглед на тоа што во САД (каде досега престојуваше бугарскиот рекет)ситуацијата со Ковид-19 е многу потешка отколку во Србија, тенисерот ќе може без препреки да ги започне припремите за новата сезона.

Првиот човек на Адрија турнирот додаде дека публиката пред тв екраните ќе биде задоволна од потезите на „мајсторот“.

Во 16 часот на 12 јуни ќе започне церемонијалното отварање на турнирот, а ќе заврши на 14 во недела со последниот финален натпревар од 20 часот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ

Полскиот тенисер лут поради повластениот третман на Синер: „Уништен сум и шокиран“

Предраг Петровиќ