Нојер останува во Баерн

Од:

По повеќемесечна неизвесност, капитенот на Баерн (Минхен), Мануел Нојер сепак потпиша нов договор со клубот.

Претходниот договор истекуваше по 13 месеци, што ја зголеми веројатноста за разделување.

Сепак, на крајот, голманот се посвети на тимот до летото 2023 година.

Излегува дека обете страни направиле отстапки за нивните првични идеи.

Нојер (34) сакал договор до 2025 година, додека клубот има практика повторно да потпишува само 12 месеци со играчи на возраст над 30 години.

Според „Билд“, истото се случило и со неговата плата.

Германскиот репрезентативец посака зголемување од 15 на 20 милиони евра.

Неговата плата е навистина поголема, но не е близу 20 милиони.

За 38 одиграни натпревари оваа сезона, Нојер задржа „сува мрежа“ во 16 од нив.

Девет години е во Баерн.

Од новата сезона тој ќе има нов конкурент во лицето на Александар Нубел, кој пристигна од Шалке 04 на слободен трансфер.

Би можело да ве интересира

Легендарен фудбалски тренер е во болница поради мозочен удар

А1он

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Фудбалерите на Милан го совладаа Емполи во 24. коло од Серија А

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

Де ла Фуенте останува селектор на шпанската репрезентација до крајот на ЕП 2028 година

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра