Нодесбо: Овој меч требаше да дојде подоцна на турнирот

Од:

Репризата од финалето пред две години во Барселона кога Арпад Штербик „застана на патот“ на скандинавците до титулата е највозбудливиот и натешкиот за прогнозирање меч од четвртфиналето. Соиграчот на Кирил Лазаров од Барселона, Јаспер Нодесбо на спротивната страна ќе ги има Томас, Гонзало, Раул Ентрериос, Сармиенто. Токму нив им ја препушта улогата на фаворит во денешниот меч во „Лусаил арената“:

„Во вакви мечеви нема фаворит, но ако веќе мора да изберам, тоа секако е Шпанија која е светски првак. Овој меч требаше да дојде подоцна во полуфинале или финале. Штета што една селекција мора да испадне“, истакна кружниот напаѓач на Данска.

Сличен е ставот и на бившиот ракометар на Барселона, Микел Хансен:

„Ландин е многу добар, но напредуваше многу и Гонзало, тука е и Сиера. Двете репрезентации играат добра одбрана, Тешко е да се каже дека победникот од овој меч ќе биде шампион, бидејќи подоцна доаѓа Франција. Ние се навикнавме на филозофијата на нашиот нов селектор и не размислуваме на долги стази“, вели ракометарот на ПСЖ, Микел Хансен.

Шпанија доби две од последните три средби со Данска, но овој пат без Штербик во тимот, прогнозите се нешто поумерени.

Извор: Кирил Лазаров 7

Би можело да ве интересира

Гајиќ го играше последното Светско првенство

Ана Ололовска

Избран идеалниот тим на Мундијалот во Катар, Омејер со признанието МВП

Ана Ололовска

Франција е светски шампион во ракомет

Емир Латифовиќ

Полска по продолженија до бронзата

Емир Латифовиќ

Катар по невозможна мисија, Франција не загубила финале 22 години

Емир Латифовиќ

Чешки судии за финалето попладнево

Емир Латифовиќ