Николиќ: Враќањето на самодовербата кај играчите беше клучот за успехот

Од:

Тренерот на Карпош Соколи, Драган Николиќ во изјава за клупскиот сајт нагласува дека враќањето на самодовербата кај кошаркарите по неговото доаѓање во клубот е рецептот за успешните резултати.

– Немаше никаква магија во сето ова што ни се случи. Во Карпош Соколи се работело добро и пред моето доаѓање, кога всушност се поставени темелите потребни да се случи тоа што се случи. Беше само потребно да им се крене самодовербата на играчите и да се уверат дека имаат квалитет за многу поголеми работи од што покажа стартот од сезоната, кога се нанижаа порази, нагласува Николиќ

Тој се заблагодари за довербата од раководството на клубот.

– Клучна беше и вербата која челните луѓе на клубот ја покажуваа во тие моменти, покажувајќи истрајност и решеност, знаејќи дека се на вистинскиот пат кон успехот. Ќе беше голем срам за мене, стручниот штаб и за играчите ако не ја наградивме мотивираноста и духовното и материјално вложување до максимум на луѓето од управата, на кои сите сме им бескрајно благодарни за се што ни овозможија и што не кренаа раце кога беше најтешко. Исто така, би и се заблагодарил и на публиката која постојано беше со нас и која ни ја даваше и тоа како потребната енергија кога беше најпотребно, дополнува српскиот стратег.

Предводени од Драган Николиќ „Соколите“ го освоија Купот на Македонија, обезбедија опстанок во регионалната АБА лига и беа дел од финалето на плеј-офот во домашното првенство.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он