Ни грам надеж за Бердих, Надал во финалето во Рим

Од:

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал го победи Томаш Бердих со 2-0 во сетови 6:2, 6:4 и се пласираше во финалето на турнирот од Мастерс 1000 серијата во Рим.

За својата седма титула во „вечниот град“, Надал ќе се бори против победникот од дуелот Федерер – Пер.

nadal-finale-rim-20131

Единствената реална шанса Бердих ја имаше на почетокот на вториот сет кога пропушти брејк топка, а во останатиот дел од мечот Шпанецот беше супериорен.

Во првиот сет, Надал изгуби само еден поен на свој сервис, а брејк направи веќе во првиот гем. Потоа направи уште еден брејк со прекрасен „пасинг“ за водство од 4:1. Бердих многу често, без причина, излегуваше на мрежа.

nadal-finale-rim-20132

На почетокот на вториот сет Бердих создаде брејк шанса, но со лошата бекхенд паралела ја испрати во мрежата. Се до резултатот 4:4 чешкиот тенисер се држеше, но Надал направи брејк и рутински сервираше за 14-тата победа од вкупно 17-те дуели со Бердих.

nadal-berdih-statistika

Вкупно Надал имаше 20 винери и 11 неизнудени грешки, а Бердих запиша 12 директни поени и 15 грешки. Сепак најимпресивно од статистката беше тоа што Шпанецот во цел меч не изгуби ниту еден поен на втор сервис.

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ