На првиот натпреварувачки ден на Зимските младински олимписки игри (ЗМОИ) кои се одржуваат во норвешниот ски-центар Лилехамер, настапија двајца македонски спортисти.
Единствениот наш претставник во нордиските дисциплини Ставре Јада го освои 43-место во дисциплината крос-кантри.
Јада оствари време од 3 минути и 39,99 секунди, што беше за 38,54 секунди послабо од најдобриот во квалификациите, Јужнокореецот Магнус Ким. На стартот во оваа дисциплина се појавија 50 скијачи.
Следната трка Јада ќе ја има по три дена и тоа во дисциплината спринт.
Лука Божиновски настапи во супервелеслаломската трка, но остана без пласман одноано, не ја заврши истата.