Невиден скандал во репрезентацијата на Украина: По поразот го исфрлија селекторот од соблекувална

Од:

Жесток скандал ја тресе репрезентацијата на Украина.

Украинците доживеаја вистинска катастрофа на првиот натпревар на Европското првенство во Германија. Во првото коло од групата Е Романија ја декласираше Украина со резултат 3:0.

По тешкиот пораз настана хаос во репрезентацијата на Украина.

Голманот на Реал Мадрид, Андреј Лунин и фудбалерот на Арсенал, Александар Зинченко го „исфрлиле“ тренерот Сергеј Ребров од соблекувалната и жестоко се расправале со соиграчите, открива германски Билд.

Интересно е што Ребров не ја презеде одговорноста за поразот, туку вината на прес-конференцијата ја префрли на своите играчи.

„Ние ја претставуваме Украина на овој турнир, тоа е важен момент за целата нација. Играчите добиваа пораки од воините, од војниците. Секој играч треба да го даде својот максимум. Ако не го направи, ќе биде тешко. Се судираме со подеднакво добри играчи, најдобри во нивните земји. Сигурен сум дека им е жал, дека тие претставуваат голема и силна земја, која повеќе од две години се бори за нашата слобода за сите нас. Се извинувам. Мора да замолчиме и да се подготвиме за следниот натпревар против Словачка. Да ја покажеме другата страна на Украина“, рече разочараниот Ребров на прес-конференцијата.

Би можело да ве интересира

Кукуреља го „спушти“ Невил: „Отидовме до крај, Гери“

Порака на Шкотска до Шпанците во пресрет на финалето – одмаздете им се на Англичаните за се што ви прават

Предраг Петровиќ

Олмо: „Не се плашиме од никого“

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде најдобар стрелец на Европското во случај на ист број постигнати голови

Предраг Петровиќ

Холандија – Англија 1:2 – Англичаните го добија финалето на еврото во 90. минута

Горан Наумовски

Шпанија – Франција 2:1 – Олмо ја однесе Шпанија до финалето на Евро 2024

Горан Наумовски