Новак Ѓоковиќ беше поразен од Карлос Алкараз во финалето на Вимблдон, но и понатаму е фаворит на УС Опен, последниот Грен слем во сезоната.
Новак Ѓоковиќ лани не можеше да игра на УС Опен и Мастерсот во Америка, бидејќи не беше вакциниран против корона, па не можеше да влезе во САД. Но, како што е најавено, оваа сезона ќе учествува на Грен слем турнирот во Њујорк.
УС Опен започнува на 28 август и ќе трае до 10 септември, а обложувалниците веќе ги објавија коефициентите. Иако Ноле беше поразен од речиси 16 години помладиот Алкараз во борбата за 24. Грен слем, па многумина сметаат дека ова е крајот на Србинот, обложувалниците не мислат така. Србинот е првиот, иако благ фаворит во Њујорк, па шансите да триумфира се 2,2. Зад него е Алкараз, кој го брани трофејот освоен минатата сезона, со коефициент 3,5, а зад него се Данил Медведев (4,5), Јаник Синер (11), додека петти фаворит е Стефанос Циципас (13).