Неверојатна победа на Вардар над Металург

Од:

Немања Прибак со гол од девет метри по истекот на натпреварот му донесе триумф на Вардар Про над големиот ривал Металург со 27:26.

Металург во 39. минута губеше со 21:14, за во 60. да изедначат на 26:26.

Времето за натпреварот истече, беа досудени девет метри за Вардар про, а Немања Прибак упати одличен удар, ја затресе мрежата и предизвика вистинска еуфорија во „Кале“. Ова дерби уште долго ќе се раскажува.

Најефикасен во редовите на Вардар про беше Добривоје Марковиќ со десет постигнати голови, а Ренато Вугринец кај Металург беше стрелец на седум погодоци.

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он