Неверојатна победа на Роси во Асен

Од:

Возачот на Јамаха, Валентино Роси, победи на осмата трка во кралската класа во Мото ГП шампионатот, Големата награда на Холандија.

Популарниот „Доктор“, на легендарната патека во Асен ја забележа својата трета победа во сезоната, вкупно 111-та во кариерата.

Роси на една од своите омилени патеки возеше како во своите најдобри денови, водеше голема борба од самиот почеток со актуелниот првак Марк Маркез на Репсол Хонда и на крајот успеа да победи. Роси имаше воство до 8 круга пред крајот кога маркез успеа да го помине, но на 2 круга до целта Роси со извонреден маневр успеа да го помине актуелниот шампион за воодушевување на трибините.

Маркез на последниот свиок во последниот круг доцнеше со кочењето и влета во Роси, имаше контакт по кој Роси излета од патеката и преку требата се врати на стартно целната рамнина и успеа да слави.

Италијанскиот ас, првпат по 2009 година, успева да забележи повеќе од две победи во една сезона.

Трката во Асена ја следеа околу 100.000 гледачи, а покрај Роси и Маркез, место на победничкиот подиум избори и победникот на претходните четири трки Хорхе Лоренцо.

Зад најдобрите тројца се пласираа возачот на Дукати, Андреа Јаноне, Пол Еспараро на Јамаха Тех 3, Кал Крачлоу на ЛЦР Хонда, Бредли Смит на уште една приватна Јамаха, Дани Педроса на Репсол Хонда и двоецот на Сузуки, Алеш Еспаргаро и Маверик Вињалес.

Мото ГП шампионатот ќе продолжи со трката за Големата награда на Германија, која на 12-ти јули ќе се вози на патеката Захсенринг.

Би можело да ве интересира

Мото ГП: Бањаја ја освои ГН на Сан Марино

Ана Ололовска

Мотоциклистот Дупаские почина од повреди здобиени при пад на трка

Ана Ололовска

„Мравката“ повторно ита по патеките – Маркез се врати по осум месеци рехабилитација

Жарко Настоски

ВИДЕО: Хорор-судир во Бразил, загина мотоциклистот Матеус Барбоса

Жарко Настоски

Валентино Роси ќе ја вози 20. сезона во Мото ГП

Ана Ололовска

Зарко легнува „под нож“ по бруталната несреќа во Австрија

Ана Ололовска