Возачите на Сузуки Алеш Еспергаро и Маверик Вињалес ќе стартуваат на првите две позиции на утрешната трка за големата награда на Каталонија.
Во првиот ред ќе биде уште и Хорхе Лоренцо.
Еспергаро го подобри рекордот кој беше во сопственост на Дани Педроса за 3 десетинки, а благодарение на новиот агрегат на Сузуки и Маверик Вињалес дојде до неверојатната втора стартна позиција.
Од вториот ред утре ќе стартува Марк Маркез, следен од Андреа Довициозо и Дани Педроса, додека пак Валентино Роси ќе стартува од третиот ред и седмата позиција.
Претходната пол позиција за Сузуки ја имаше Крис Вермулен на патеката Асен во 2007 година.