Газдите на Манчестер јунајтед, американското семејство Глејзери се поделени околу прашањето за вредноста на клубот кој е во процес на продажба – дел од нив би се согласиле за продажба за 5 милијарди фунти, додека дел од нив сметаат дека „ѓаволите“ вредат повеќе, тврди „Дејли мејл“.
Глејзери ја ангажираа американската компанија „Рејн групација“ за организирање на продажбата и до 17 февруари се чекаат понудите за клубот. Првичните информации велеа дека Глејзери би сакале да постигнат цена од 6 до 7 милијарди фунти, но приватно барем еден од браќата прифаќа дека цената може да биде и помала од 5 милијарди фунти. „Дејли мејл“ исто така додава дека уште не постои единство околу тоа дали клубот целосно да се продаде или да се барааат само инвеститори.
Досега, официјално само британскиот милијардер Сер Џим Ретклиф ја потврди понудата за клубот, а во последните денови се шпекулираше дека кралското семејство на Катар, кои се газди и на Пари Сен-Жермен се во игра. „Дејли мејл“ додава дека два богати саудиски инвеститори исто така ќе влезат во наддавањето.
Извор: Топспорт