Неочекувана трансфер шпекулација за Манчестер јунајтед

Од:

Манчестер јунајтед може да се обиде да ја привлече sвездата на Манчестер сити, Рахим Стирлинг, во случај „граѓаните“ да не ја намалат или да ја поништат казната изречена за нив од страна на УЕФА, тврди „Индипендент“.

Жалбата на Сити ќе се разгледува следната недела, но доколку остане двегодишната казна за неучество во Лигата на шампионите, се очекува да заминат некои од најважните играчи на Пеп Гвардиола.

Рахим Стирлинг и Кевин де Бруин се меѓу оние за кои се вели дека имаат таква намера.

„Индипендент“ смета дека доколку Стирлинг е на располагање, Јунајтед ќе се обиде да го привлече, иако поранешниот играч на Ливерпул поверојатно ќе преземе во насока Реал Мадрид.

Арбитражниот спортски суд ќе започне со сослушувањето по жалбата на Сити во понеделник, а КАС ќе донесе одлука за случајот во рок од три дена.

Би можело да ве интересира

Легендарен фудбалски тренер е во болница поради мозочен удар

А1он

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Фудбалерите на Милан го совладаа Емполи во 24. коло од Серија А

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

Де ла Фуенте останува селектор на шпанската репрезентација до крајот на ЕП 2028 година

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра