Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ во новата сезона ќе игра за рускиот клуб Уникс Казан како позајмен кошаркар од Валенсија. Шпанскиот клуб го потврди трансферот, а познато е и колку ќе заработи одличниот плејмејкер за една сезона во овој тим.
Димитријевиќ ќе инкасира 500.000 евра за сезона, двојно повеќе од договорот што го имаше со Валенсија. Со тимот на Уникс Казан тој ќе настапува во ВТБ – лигата и ќе биде ривал со тренерот Емил Рајковиќ кој е на кормилото на ЦСКА Москва.
Извор: Топспорт