Нема заразени со коронавирусот во македонската ракометна експедиција во Дебрецин

Од:

Задолжителното тестирање на Ковид-19 на 24 часа пред воведниот натпревар на Европското првенство не донесе нови позитивни случаи на коронавирусот во македонската ракометна репрезентација и селекторот Кирил Лазаров ќе може да смета на сите повикани за утрешната пресметка против Словенија.

На последното тестирање пред заминувањето за Дебрецин позитивни на коронавирусот во редовите на „црвено – жолтите“ беа голманскиот тандем Никола Митревски и Марко Кизиќ, како и Гоце Ојлески и Михајло Младеновиќ, кои поради тоа останаа во Скопје. Позитивен на коронавирусот беше и кондицискиот тренер Петар Баснарков.

Својот воведен дуел во рамки на групата А македонските ракометари ќе го имаат утревечер со почеток од 18 часот против Словенија, а по две дена следи дуелот против Црна Гора, во чиј редови денешното тестираше донесе три позитивни случаи на Ковид-19.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Галевски и фати пенал на Франција, ИХФ го стави во одбрано друштво

А1он

Митев: Со Катар одевме на се или ништо, ќе пробаме да ја изненадиме Франција

А1он

Лазаров по триумфот над Катар на СП2025: Верувам во оваа репрезентација

А1он

Митев: По овој бод со Австрија, одиме на победа со Катар

А1он

Македонија во последната секунда дојде до бод против Австрија на СП 2025

А1он

Македонските ракометари против Австрија ја отвораат Главната фаза на СП