Нема ново финале за Јотовски на турнирот во Грузија

Од:

Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски не успеа да обезбеди ново финале на турнирот во Грузија.

Откако минатата недела Јотовски, триумфираше на фјучрс турнир во грузискиот град Телави, тој на вториот турнир е сопрен во полуфиналето. Македонскиот тенисер денеска беше поразен во полуфиналниот меч од Русинот, Кирил Киватцев со 2-0 во сетови.

Во мечот, кој траеше 103 минути, 19-годишниот тенисер од Русија уште во првиот сет ја најави победата откако на Јотовски му препушти само два гема (6:2), додека во вториот Киватцев загуби уште еден гем па со 6:3 го комплетира својот триумф и пласманот во финалето.

Киватцев со пласманот во финалето на овој фјучрс има шанса за „двојна победа“ на турнирот откако вчера во двојки триумфираше со сонародникот Иван Калинин.

Јотовски, пак, за пласманот во полуфиналето ќе освои шест поени и во понеделник ќе има скок на АТП листата, пред се со 18-те поени од победата на турнирот од претходната недела.

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ