И официјално започнаа XXX Олимписки игри во Лондон, со палењето на огнот на олимпсикиот стадион во Лондон.
Духовито, во британски стил, Даниел Крег познат по улогата на агентот Џејмс Бонд и кралицата Елизабета Втора го прелетеа цел Лондон со хеликоптер и долетаа на олимпискиот стадион.
Музиката од филмот „Огнени кочии“, кој најдобро го опишува олимпискиот дух ја свиреше Мистер Бин! Секако актерот Роуван Еткинсон и тоа го изведе маестрално.
Иако му беше понудено да го запали огнот, Бекам не го прифати, но го возеше факелот низ Темза во стилот на агентот 007 и го донесе огнот до Стив Редгрејв.
Огнот го распределија до седум млади надежи на британскиот спорт, а тие и го запалија големиот олимписки оган во необичната конструкција на средината на стадионот, од 204 пламени јазли кои се споија во еден.
На дефилето поминаа 204 држави меѓу кои и нашите спортисти, пливачите Симона Маринова и Марко Блажевски кој го носеше знамето и атлетичарите Христина Ристеска и Кристиан Ефремов.