Нејмар: ПСЖ е крив за мојата лоша форма

Од:

Нејмар со критики кон ПСЖ за начинот на рехабилитација по повредата во пределот на градниот кош. Бразилецот е убеден дека требало порано да почне да игра со цел навреме да биде физички подготвен за натпреварите во Лигата на шампиони.

Ваквиот негов став доаѓа по нецели 24 часа од синоќешниот пораз од Борусија во Дортмунд во првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампиони.

„Не замислував вакво враќање на терен. Ги пропуштив последните четири меча што беше одлука на клупските доктори. Морав да го прифатам тоа, иако не ми се допаѓаше. Главниот збор го има клубот, меѓутоа лошо се одрази на мене и моите соиграчи. Имав напукнато ребро, но тоа не беше причина да не играм против Олимпик Лион“, коментира Нејмар.

ПСЖ реши да го одложи враќањето на Нејмар на терен поради страв дека во средина на сезоната се повредуваше и во изминатите две години.

„Го разбирам тоа, но ако се вратев порано, ќе бев во подобра форма и сигурно ќе одиграв подобро во Дортмунд“, додаде Бразилецот.

Би можело да ве интересира

Нејмар за еден допир со топката заработува 306.000 евра

А1он

(ВИДЕО) Нејмар во солзи: „Се враќам!“

А1он

Нејмар нападнат од навивачите поради неговиот изглед, по повеќемесечна пауза се врати на терените

Обид да му го киднапираат новороденчето на Нејмар, вооружени напаѓачи ги врзале родителите на неговата поранешна девојка

Нејмар пристигна, принцот му испрати авион со златен трон

Предраг Петровиќ

Нејмар доби 320 милиони евра, заминува од ПСЖ

Предраг Петровиќ