Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Од:

Црногорскиот ракометар Божо Анѓелиќ нема да игра за репрезентацијата на оваа земја се додека селектор е Хрватот Владо Шола.

Анѓелиќ во изјавата навел голем број причини зошто повеќе нема да одговара на повикот на тренерот.

Се што кажав беше да не се откажам од Црна Гора, туку напротив да го направам единствениот притисок што можам како играч да ја сменам ситуацијата во машкиот ракомет на подобро“, најави Анѓелиќ и додаде:

„Во Црна Гора, оние кои даваат најмногу за државата, а ништо не бараат, ниту добиваат, постојано треба да се докажуваат пред другите кои само земаат од неа. Имам обврска да ја информирам црногорската јавност за следните факти: Му кажав на селекторот на репрезентацијата дека нема да играм за репрезентацијата на Црна Гора се додека е тој на таа позиција. Реков дека не сакам да соработувам со личност која нема овластување, ниту карактер да биде на таква позиција. Тоа го кажав, не за да се откажам од Црна Гора, туку напротив да го направам единствениот притисок што можам како играч да ја сменам ситуацијата во машкиот ракомет на подобро“.

На претходното Европско првенство, Шола во неколку наврати се појави збунет, како на пример против Унгарија, кога ги праша играчите каква акција да одиграат.

„На сите играчи им е познато дека не толку често селекторот им ја препуштал тактиката на тимот и дизајнот на одредени акции на играчите. Тоа доволно говори за недостиг на авторитет и феномен кој за жал е присутен само во нашата репрезентација. “, рече Анѓелиќ.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ