„Не може да мислите дека сте над законите на другите земји, само затоа што сте богат“, австралискиот вицепремиер го прекори Ѓоковиќ

Од:

Додека Новак Ѓоковиќ ја чека конечната одлука на судот дали ќе биде депортиран од Австралија или не, се огласи вицепремиерот на таа земја Барнаби Џонс.

Џонс испрати многу остра порака до најдобриот тенисер во светот и рекордер на Австралија опен, кој овојпат наиде на повеќе од непријателски пречек во Мелбурн и кој властите го чуваат во хотел наменет за мигранти, во екстремно лоши услови.

„Ако не ги пополнил формуларите како што треба, тогаш мисли дека може да се пошегува со суверениот капацитет на друга земја – изјави Џојс како гостин во Би-би-си и додаде:

„100% некој згрешил, а ако не ја кажал вистината, тогаш тој што згрешил е господинот Ѓоковиќ“,изјави вицепремиерот кој на крајот испрати многу грда порака до тенисерот:

„Не можете да талкате низ светот мислејќи дека сте над законите на другите земји само затоа што сте богати“, додаде Џоnс.

Би можело да ве интересира

Ѓоковиќ го најави младиот Бразилец за свој наследник, а овој „му заби нож в грб“

А1он

Беретини го елиминира Ѓоковиќ во првото коло на турнирот во Доха

Ѓоковиќ остро за Синер: Земјотрес, oва е голем проблем за спортот

А1он

(ВИДЕО) Ѓоковиќ го „испрати“ Шварцман во пензија: „Што гледаш, идиотe?“

Ѓоковиќ: Татко ми ме убедува да ставам крај на мојата тениска кариера

Новак Ѓоковиќ ќе добие статуа во Мелбурн парк пред арената Род Лејвер