Не е никаква предност да имате ампутирани нозе

Од:

Некои сметаат дека олимпискиот тркач има нефер предност над неговите конкуренти, но човекот кој ги дизајнирал неговите протези мисли поинаку

Уште пред Оскар Писториус да стапне на лондонскиот Олимписки стадион, пред да почне се подготвува за трката на 400 метри прицврстувајќи ги на двете колена карбонските протези, тој мораше да го преврти небото и земјата само за да му биде дозволено да се натпреварува. Писториус, кој е јужноафрикански спринтер, се родил без фибула (предна потколенична коска) и двете нозе морале да му бидат ампутирани од колената надолу кога имал 11 месеци, Се обидел да влезе на олимпијадата во Пекинг во 2008, но бил одбиен од меѓународното тело кое одлучува за трките. Наводно, неговите протези му давале биомеханичка предност.

Писториус веднаш поднел жалба до Судот за арбитрација во спортот, кој на почетокот на 2008 пресудил дека може да се натпреварува на Олимписките игри (Тогаш Писториус не успеал да се квалификува за Пекинг за само 0,7 секунди).

Писториус продолжил да го подобрува своето време и се квалификувал за Лондон, трчаше во трката на 400 метри, на квалификациската трка го подобри времето и во саботата истрча 45,44 секунди, што е најдобро време оваа сезона. Иако Писториус не успеа да се квалификува во финалето, тој повторно ќе трча на крајот на неделава како дел од јужноафриканската штафета 4х400 метри.

Писториус не е првиот спортист со ампутација кој се натпреварувал на олимпијада. Неговата сонародничка, јужноафриканката Натали ду Тут, која заврши како 16-та на пливачкиот маратон во Пекинг, го загубила левото стопало во 2001. Но, Писториус е првиот олимпиец со ампутација во тркачки дисциплини, и за разлика од Ду Тут, тој користи протези.

Дури и кога 25-годишниот Јужноафриканец го форсира своето тело над логичните физички граници, и на крајот успеа да стигне до Лондон, научниците дебатираат дали флекс-фут читас протезите на Писториус – карбонски сечила во форма на буквата Ј со кои тој трча – му даваат конкурентска предност над физички нормалните спортисти.

За човекот кој ги дизајнираше протезите на Писториус уште пред 10 години, тука нема што да се дебатира.

– Според мое мислење, не е никаква предност да се има ампутиран дел од телото, вели Франсоа ван дер Ват, менаџер за протези во Осур Америкас во Хјустон. – Протезите чита немаат ништо со што се внатрешно појачани. Нема никаква предност која произлегува од нивно носење.

Ван дер Ват за првпат го сретнал Писториус кога младиот тркач бил во средно училиште. Писториус секој ден вежбал спринт со неговите простетски стопала, кои лесно се кршеле под притисокот во напорот на трки, вели ван дер Ват.

Експертот за протези почнал да работи со Писториус за да направат идеален апарат за неговата тежина и облик на тело, и го усовршувале дизајнот додека спринтерот станувал познат во Јужна Африка.

Писториус сега користи чита флекс фут, карбонски сечила протези дизајнирани во Осур, кои гледачите ги видоа на Писториус додека тој минатиот викенд трчаше на патеката во Лондон. Но и покрај тоа што му беше доделен називот „блејд ранер“, Писториус работеше на болните конкурентски недостатоци уште од мигот кога пукна стартниот пиштол. Затоа што со протезите чита немаат движење на зглобот, Писториус не може да ја постигне енергијата која се добива од зглобовите кога стапалата се одбиваат од стартните блокови и потоа го исфрлаат телото напред. Од 47 натпреварувачи кои го завршија прелиминарниот круг за 400 метри во Лондон, Писториус имаше четврто најслабо време на реакција на стартот, што не е за изненадување заради чудните движења кои мора да ги направи за да ја почне трката.

– На стартните блокови немате позиција за сечилата за да се добие оптимален старт, вели Ван дер Ват за трчањето со протезите чита. – Всушност, имате позиција кога треба да замавнете со ногата кон надвор за да го почнете трчањето, па така не се отфрлате како човек со физички нормално тело.

Кога Писториус ќе се одлепи од стратните блокови, тој понатаму се соочува со две пречки: влегувањето во 2-те кривини на трката на 400 метри без зглоб, и компензирањето на релативниот недостаток од енергија која се создава од неговите движења. Чита работи како основна пружина, сузбива удар кога сечилата ќе стапнат на стазата, и кои собираат потенцијална енергија која тогаш создава кинетичка енергија додека сечилата се враќаат во нивната природна позиција.

Но, пружината враќа само окоу 90 проценти од енеријата која се создава со движењата на спортистот, стои во едно истражување објавено од Осур. Наспроти ова, ногата и стапалото кај нормалното тело може да врати и до 240 проценти од таа енергија. И така додека сечилата на Писториус се полесни и побрзо ќе се одлепат од стазата отколку долниот дел од нозете кај другите тркачи, тие не успеваат да вратат барем една третина од енергијата од секој чекор, забележува ван дер Ват.

На свиоците, Писториус губи дури и повеќе енергија затоа што мора да ги сврти сечилата со надколеницата и со мускулите, наместо да го менува аголот на зглобовите како што го прават тоа другите тркачи. На некои од неговите движења, само дел од сечилото ја допира стазата, што значи дека има создавање на помала кинетичка енергија.

Триатлонката Сара Рејнертсен, прввата жена која се натпреваруваше во триатлонот „железен човек„ со ножна протеза, вели дека свртувањето во свиок додека трчате со ножни протези е двојно потешко заради помалку од совршената врска помеѓу машината и човекот.

– Кога успорено гледате снимка на трчањето на Писториус, гледате како протезите ротираат, вели таа. – Тоа е противсилата против кој тој работи со секој чекор. Тоа е енергијата која во тој момент се губи.

Некои научници продолжуваат да спорат дека Писториус добива степен на конкурентска предност со протезите чита, а таа дебата се одвива во списанието „Саентифик Американ“. Причината е што сечилата на Писториус се многу полесни од човековото стапало, што му овозможува побрзо да замавнува со сечилата и со секое движење да создава поголема сила. Но кога луѓето кои всушност ја направија и тестираа протезата чита велат дека не постои конкурентска предност за трчање со сечила во споредба со биолошкото трчање со стопала, аргументите на негативците ја губат својата веродостојност.

За Рејнертсен која првпат го завршила докрај триатлонот железен човек во 2005, самата дебата е победа за спортистите со ампутиран дел од телото.

– Приказната на Оскар почна да се раскажува гласно низ светот само заради Олимпијадата, вели таа. – Луѓето зборуваат за нозете и недостатоците, и дека за тоа е потребна дискусија. Кул е тоа што воопшто се води ваква дебата.

Рејнертсен се разбудила во 2 часот утрината во саботата за во живо да ја гледа првата трка на Писториус. Иако Писториус не успеа да ги мине полуфиналињата, самото негово присуство на атлетската патека беше инспиративен триумф за човечкото трчање. Тоа е отстапување од научните дебати и од мрморењата за квалификациските времиња, и она што го гледате е човек без потколеници кој се натпреварува на олимписките игри. Ако ова не ја потврдува старата поговорка „се е можно“, тогаш ништо друго и нема да ја потврди.

– Тоа беше момент на гордост“, рече Ван дер Ват додека ја гледаше трката на Писториус. – Минавме низ обиди и грешки, и знам колку долго тој го брка овој сон. Мило ми е што денес можеше да си го оствари својот сон.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Полска сака да биде домаќин на Олимписките игри во 2040 или 2044 година

Ватерполистите на Србија ја победија Америка и се пласираа во финалето

Ѓоковиќ го освои олимпиското злато и ја комплетираше колекцијата на најголемите тениски трофеи

Предраг Петровиќ

Леброн Џејмс сака да игра на Олимпијадата во Париз – ќе го предводи дрим-тимот

Олимпиското злато и беше одземено на Русинка и доделено на Американка

А1он