НБА: Убедлива победа за Голден Стејт

Од:

Вицешампионот на НБА лигата Голден Стејт постигна убедлива победа над ЛА Клиперс на ноќеска одиграниот натпревар.

Играчите на Голден Стејт постигнаа 144 поени, а дека беа расположени во нападот покажува и фактот што по три четвртини имаа постигнато 117 поени.

Најефикасен на дуелот беше Стеф Кари со 43 поени, од кои 25 ги постигна во третиот период.

Во одлична серија од седум победи по ред е екипата на Мајами, која се наоѓа на претпоследната позиција (14.место) во Источната конференција. Ноќеска ја остварија 18.та победа.

Резултати на ноќеска одиграните дуели: Шарлот – Сакраменто 106:109, Мајами – Детроит 116:113, Милвоки – Бостон 108:112, Голден Стејт – ЛА Клиперс 144:98, Минесота – Бруклин 129:109, Феникс – Денвер 112:123 и Јута – Мемфис 95:102.

Пласман Источна конференција: Кливленд 31-14 (победи-порази), Торонто 29-18, Бостон 29-18, Атланта 27-20, Вашингтон 26-20, Индијана 24-22, Чикаго 23-25, Шарлот 23-25.

Пласман Западна конференција: Голден Стејт 40-7, Сан Антонио 36-10, Хјустон 35-15, ЛА Клиперс 30-18, Јута 30-19, Оклахома Сити 28-19, Мемфис 28-21, Денвер 21-25.

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on