НБА правила во Европската кошарка

Од:

Раководството на Светската кошаркарска организација – ФИБА, претстојниот викенд во Сингапур ќе одржи состанок на кој се најавени „револуцинерни промени“ во кошаркарските правила во насока на приближување на правилата во најсилната светска лига – НБА. Промените ќе се однесуваат на шест правила во Европската кошарка.

Според овие измени, растојанието за три поени ќе се премести од 6,75 на 7,25 метри. По офанзивен скок екипите ќе добиваат 14 секунди за новиот напад, а техничката грешка наместо досегашните две ќе носи само едно слободно фрлање и топка од страна.

Во последните две минути од натпреварот во бонус ќе се влегува со два прекршока (актуелно е во бонус да се оди со петтиот фаул во четвртината).

Ќе има промена и во должината и ширина на теренот, а при „мртва топка“ наместо сегашното наизменично изведување од страна, се враќа судиското потфрлување.

Новите правила во Европската кошарка би требало да започнат да се применуваат следната сезона, а официјална потврда за тоа треба да се донесе на состанокот на челниците на ФИБА викендов во Сингапур.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он