(ВИДЕО) НБА Ол-стар: Гордон најдобар во „тројки“, Робинсон во „забивање“

Од:

Бекот на Хјустон Ерик Гордон победи во шутирањето тројки, а Глен Робинсон од Индијана беше најуспешен во забивањето на ноќеска одржаните натпреварувања во рамки на 66.то издание на „Ол старот“.

Во финалето во шутирање тројки Кемба Вокер имаше 17 поени, а Кајри Ирвинг и Гордон имаа по 20. Во дополнителното шутирање Гордон беше подобар од Ирвинг со 21:18. Ланскиот победник Клеј Томпсон беше елиминиран во првиот круг.

Во финалето во забивање Робинсон беше поуспешен од Дерик Џонс Јуниор (Феникс). Оваа година поради повреда не настапи шампионот од последните две сезони Зек Лавин.

Во натпреварот „скилс челинџ“ победи играчот на Њујорк Кристапс Порзингис, кој во финалето беше Гордон Хејворт од Јута.

Вечерва во два часот по полноќ по македонско време се игра натпреварот Исток – Запад.

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on