НБА го смени начинот на гласањето за Ал Стар натпреварот

Од:

НБА лигата ја прифати идеата на најголемиот дел на кошаркарите и реши да воведе измени во начинот на кој се избираат играчите за Ал Стар натпреварот.

Долги години стартните петорки на Источната и Западната конференција ги бираа навивачите со своите гласови, додека тренерите ги бираа резервите.

НБА лигата реши нанвивачите и понатаму да бидат дел од изборот на стартните петорки, но нивното влијание ќе биде намалено на 50 отсто, додека по 25 отсто од гласовите ќе доаѓаат од играчите и новинарите.

Кошаркарите ќе можат да гласат и самите за себе, но и за своите соиграчи, а стандардно ќе се бираат по тројца играчи на позициите од 3 до 5 и двајца бекови.

Причина за реакцијата на играчите беше гласањето за последниот Ал Стар, кога Грузиецот Заза Пачулија „за влакно“ не влезе во стартната петорка на Западот. Сонароднците на Пачулија биле многу активни во гласањето, како некогаш Кинезите за Јао Минг.

Многумина оваа промена ја нарекоа „Правилото на Заза“.

Пачулија минатата година доби само 14.000 гласови помалку од Каваи Ленард, кој се наиде во стартните пет на Западот.

Иако минатата сезона во просек по натпревар постигнуваше по осум поени, Пачулија во гласањето за Ал Стар натппреварот доби повеќе гласови од ѕвездите Блејк Грифин, Тим Данкан, Ентони Дејвис, Двајт Хауард, Дирк Новоцки.

Ал Стар натпреварот во сезоната 2016/2017 ќе се одигра на 19.февруари наредната година.

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on