НБА: Домаќините немилосрдни, славеа победи на четирите натпревари

Од:

Во кошаркарската НБА лига, ноќеска беа одиграни само четири натпревари, а сите завршија со победа на домашните тимови.

Во дербито на вечерта, Оклахома Сити пред своите навивачи убедливо ја победи Атланта со 107-94.

Тандемот Дурант-Вестбруик заедно реализираа 43 поени и на Оклахома и ја донесоа четиринаесеттата победа сезонава. Кевин Дурант средбата ја заврши со „трипл-дабл’’ учинок од од 25 поени, 12 скока и 10 асистенции, а Расел Вестбрук со „дабл-дабл“ па покрај 23 поени имаше и 10 асистенции. Кај гостите за кои ова беше десетти пораз, најефикасен беше Баземор со 22 поени.

Домашниот терен се покажа како предност и на останатите натпревари, па така, Бруклин со 100-91 ја победи Филаделфија. Победи со три поени разлика оствари, Чикаго над ЛА Клиперс 83-80, а најнеизвесно беше во Сакраменто каде „Кингси’’ со 99-97 го победија Њујорк.

Источна конференција: Кливленд 14-7 (победи-порази), Шарлот 13-8, Торонто 14-9, Индијана 12-8, Чикаго 12-8, Мајами 12-8, Бостон 13-9, Атланта 14-10….

Западна конференција: Голден Стејт 23-0 (победи-порази), Сан Антонио 18-5, Оклахома Сити 14-8, ЛА Клиперс13-10, Мемфис 13-10, Далас 13-10, Јута 10-10, Хјустон 11-12 …

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on