Назор: Без голем ангажман во одбрана нема што да бараме во Загреб

Од:

Екипата на МЗТ Скопје Аеродром попладнево ќе има уште еден обид да дојде до првата гостинска победа сезонава во АБА лигата и тоа против загрепска Цибона (17 часот), во меч во кој повторно ќе настапи во скратена ротација и без клучни првотимци, кои поради повреди мораа да останат дома.

Тренерот Анте Назор од своите избраници побара дисциплинирана игра во нападот и цврста одбрана како предуслов за добар резултат.

– Мора да бидеме далеку поборбени и пред се подисциплинирани во одбраната ако сакаме да дојдеме до позитивен резултат на гостувањето кај Цибона. Тоа значи дека треба да пробаме да ја повториме играта од првите три четвртини како против Партизан, но не и таа од последниот дуел против Цедевита, во кој примивме премногу поени. Ќе тежиме кон тимска игра, со многу трчање. Противникот со заминувањето на Жижиќ го промени начинот на игра, односно помалку инсистира на игра во рекетот, а тежиштето го префрли на надворешните позиции. Мораме да го кренеме нивото и на нашата игра, особено во нападот каде што треба да бараме подобри ситуации за отворени шутеви. Нашата шанса е во трпението во офанзивните задачи и во далеку поголемото ангажирање во одбраната бидејќи без тоа нема што да бараме во Загреб, вели Назор.

Тој во составот ќе го нема Јуре Лалиќ поради скршен нос, Стефан Синовец, кој има руптура на задната ложа како и македонскиот репрезентативец Стојан Ѓуроски, кој иако е во Загреб тешко дека ќе може да им помогне на соиграчите поради проблеми со препоните.

Делумно добра вест за тренерот Анте Назор е враќањето во составот на Британецот Даниел Кларк, кој ги пропушти последните неколку средби поради повреда на листот на левата нога.

Средбата се игра во загрепскиот кошаркарски храм кој го носи името на легендарниот Дражен Петровиќ. Судии на натпреварот се Дамир Јавор, Сашо Петек (двајцата од Словенија) и Игор Драгојевиќ (Црна Гора).

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ