Познатата тенисерка Мартина Навратилова е обвинета во САД за хомофобија.
Можеби не би било чудно да не се работи за тенисерка кој е познат како припадник на ЛГБТ популацијата.
Навратилова се најде во центарот на вниманието по еден турнир за жени над 55 години. Турнирот го освои Алиша Раули, трансродова личност која е родена како маж, но одлучила да стане жена.
Тоа не и се допадна на славната тенисерка.
“Женскиот тенис не е за поранешни мажи, без разлика на нивната возраст. Не е нормално биолошките мажи да се натпреваруваат со жените на рамноправна основа, бидејќи физички се многу посилни. Тоа не е во ред за жените, бидејќи тие се сепак мажи со нивниот конституција. Ја поддржувам промената на полот, но никогаш не би се натпреварувала против таква личност“, изјави Навратилова.
Организацијата „Спортски сојузник“ го крена гласот против Мартина, која истакна дека нејзината изјава е хомофобична.
Ракел МекКеон, првата трансродова спортистка и светска шампионка во велосипедизам, ја „нападна“ Навратилова.
„Ова е шокантно, вознемирувачко и длабоко хомофобично“, рече Ракел.