УЕФА денеска го казни ПСВ Ајндховен со забрана за продажба на билети за последниот натпревар од групната фаза против Бодо/Глимт во Норвешка. Казната на холандскиот тим му е изречена поради нередите што ги направија неговите навивачи стадионот на Арсенал во Лигата на Европа.
Исто така, холандскиот клуб мора да плати казна од 40.000 евра и да му плати оштета на Арсенал за столчињата што ги искршиле навивачите.
ПСВ вечерва од 18:45 часот ќе игра на домашен терен против Арсенал во петтото коло од групата А.
Арсенал обезбеди пласман во нокаут-фазата, додека ПСВ тоа ќе треба да го направи во последните два натпревари, вечерва и на 3.ноември. На табелата, ПСВ има три поени повеќе од Бодо/Глимт.
Извор: Топспорт