Во пресрет на натпреварот кој од 20.45 часот се игра во Љубљана меѓу Словенија и Португалија, се случи инцидент на влезот од хотелот во кој престојува гостинската екипа.
Голем број луѓе нетрпеливо чекаа да се појават фудбалерите на Португалија и тоа се случи околу 19 часот.
Еден од навивачите влетал со намера да ја удри првата ѕвезда на тимот Кристијано Роналдо, но за среќа реагирало обезбедувањето и го спречило во тоа.
Тогаш бунтовникот бил однесен од местото на настанот, а Португалецот мирно продолжил кон стадионот.