Наумоски упати јавна благодарност до членовите на Собранието на МКФ

Од:

Претседателот на Македонска кошаркарска федерација Петар Наумоски, на вчерашното вондредно Собрание доби поддршка да продолжи со работа, а со тоа не успеа обидот на иницијаторите за негова смена.

Петер Наумоски преку соопштение им упати јавна благодарност на сите членови на  Собранието на МКФ кои дадоа поддршка на кошарката  при гласањето за доверба.

– Добро е оваа победа на кошарката да ја искористиме сите ние вљубеници во „портокаловата топка“ за да се обединеме,  се во интерес на нашиот сакан спорт и така здружени да придонесеме, што побргу  кошарката да се врати на посакуваниот колосек. Во оваа прилика упатуваме и апел до медиумите за коректност при информирањето на јавноста за сите наши идни активности. Со тоа сите заедно ќе придонесеме да го вратиме угледот на кошарката и на Македонската кошаркарска федерација на потребното рамниште, се вели во соопштението објавено и на интернет страницата на МКФ.

Би можело да ве интересира

Аеродромци гневни на одлуката на КФМ: Правдата ќе ја бараме на суд!

А1он

Тодоров стави 24 играчи на поширокиот список

Ана Ололовска

Антиќ: Ќе ја вратиме кошарката на местото кое го заслужува

Ана Ололовска

Антиќ едногласно избран за нов претседател на Кошаркарска федерација на Северна Македонија

Ана Ололовска

Иницијатива за останување на Наумоски на позицијата претседател на МКФ

Ана Ололовска

МКФ ги суспендира „Градски парк“ и малата сала во „СРЦ Кале“

Ана Ололовска