Наумоски ќе прави ревизија на работата на Димевски

Од:

Претседателот на Македонската кошаркарска федерација Петар Наумоски на вчерашниот редовен состанок на Управниот одбор на федерацијата изразил сомнеж за злоупотреба од страна на неговите претходници.

Наумоски најавил дека ќе се спроведе ревизија за да се испита работењето на претходното раководство на чело со Даниел Димевски.

– Од страна на Претседателот на МКФ беше изнесено дека постојат индиции за злоупотреба од страна на претходното раководство на чело со поранешниот претседател Даниел Димевски. Во иднина ќе се ангажира ревизија за детално да се испитаат работите и индикациите за да бидат предочени на УО, кој ќе одлучува за понатамошните дејствија. Ова беше кажано со цел да се отстранат сомнежите дека во актуелното раководство или во организацијата нешто се затскрива или се штити претходното раководство, стои во соопштението од Федерацијата.

На состанокот меѓу другото тема била и безбедноста на салите пред почетокот на Супер лигата и е укажано дека две спортски сали („Градски Парк“ – Скопје и „Спортска“ – Куманово) не ги исполнуваат зададените критериуми за одигрување на натпревари во Супер лига. Клубовите кои играат ќе мора да ги отстранат неправилностите пред почетокот на првиот суперлигашки натпревар за да играат во тие сали. Доколку се случи прекин во која било сала (по која била основа) во која било назначено дека има неправилност, во текот на Супер лигата или Плејофот, таа ќе биде прогласена за небезбедна и забранета за игра во понатамошниот дел од Супер лигата и Плејофот.

Би можело да ве интересира

Аеродромци гневни на одлуката на КФМ: Правдата ќе ја бараме на суд!

А1он

Тодоров стави 24 играчи на поширокиот список

Ана Ололовска

Антиќ: Ќе ја вратиме кошарката на местото кое го заслужува

Ана Ололовска

Антиќ едногласно избран за нов претседател на Кошаркарска федерација на Северна Македонија

Ана Ололовска

Иницијатива за останување на Наумоски на позицијата претседател на МКФ

Ана Ололовска

МКФ ги суспендира „Градски парк“ и малата сала во „СРЦ Кале“

Ана Ололовска