Реј Цицарели, натпреварувач на американскиот тркачки натпревар НАСКАР, на социјалните мрежи соопшти дека тој не планира повеќе да се натпреварува, по усвојувањето на забраната да се истакнува знамето на Конфедерацијата за време на трките.
Педесет годишниот искусен натпреварувач, на Фејсбук изјави дека бавењето со тој спорт и неговиот детски сон бил исполнет, но дека тој нема намера да продолжи со неговата кариера следната година.
„Јас не верувам кога луѓето клекнуваат на колена додека се интонира химната ниту во оние кои им забрануваат на луѓето да веат знаме што го сакаат“, рече спортистот.
Цицарели смета дека позади забраната да се истакнува знамето на Конфедерацијата за времe на трките стои политичка позадина која е со цел да стави се „на продажба“.
По неколку минути од споделување на неговата објава, истата беше отстранета од социјалната мрежа како и неговиот профил кој сега не е достапен.
Од асоцијацијата НАСКАР објавија дека ќе забрануваат носење било какви пораки или фотографии кои го содржат знамето на Конфердерацијата на следните настани.
„Присутноста на знамето на Конфедерација за време на натпреварите организирани од НАСКАР се во спротивност со нашата посветеност во обезбедувањето на инклузивна средина за сите обожаватели, натпреварувачи како и за нашата индустрија, истакнувањето на знамето ќе биде забрането на сите наши површини како и за време на натпреварите“, изјавија од Асоцијацијата.
— NASCAR (@NASCAR) June 10, 2020