До крајот на шампионатот во ракомет што се игра во Доха, Катар останаа уште да се одиграат четири натпревари. Покрај завршните во борбата за медалите кои се играат утре, денеска на програмата се дуелите за пласман од 5-то до 8 место.
Први на теренот ќе се појават селекциите на Германија и Словенија, кои ќе играат натпревар за 7. место или победникот ќе обезбеди уште тука пласман на олимписките квалификации. Поразениот како и Македонија ќе ја чека разврската од финалето (Катар-Франција) и триумф на Франција ќе отвори уште едно место. Почетокот на дуелот е во 14:30 часот.
Веднаш потоа се игра и натпреварот меѓу Хрватска и Данска, селекции кои вчера победија, а на претходните првенства европски или светски постојано играа меѓу себе во полуфиналето или во натпревар за медал.
Почетокот на овој дуел е во 17:15 часот.
За селекциите кои ќе играат за медали денеска е слободен ден.