Настапи на македонските тенисери на фјучрс турнири

Од:

Македонските тенисери денеска ќе имаат богата програма настапи откако вчера постигнаа победи на мечевите кои ги играа.

По триумфот во двојки вчера во Стара Загора Бугарија, Томислав Јотовски (8.носител) денеска претпладне го игра првиот меч и во сингл конкуренција против Американецот Никита Кривонос.

Во двојки со Нермин Фатиќ попладнево ќе играат во четвртфиналето.

Двојна програма денеска ќе има и Лина Ѓорческа на фјучрсот во Ниш. Таа најпрвин во поединечна конкуренција ќе игра против домашната тенисерка Маја Младеновиќ, а потоа во четвртфиналето заедно со Марина Лазиќ ќе има настап во четвртфиналето.

Меч од второто коло на турнирот во Лимелете, Белгија ќе игра Димитар Грабул (5.носител). Противник му е домашниот играч Максим Хинисделс, а вчера на стартот од турнирот Грабул со 2-0 во сетови го победи Иво Мијиќ од Германија.

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ