Нарсис ракометар број 1 за 2012 година

Од:

Французинот Даниел Нарсис е избран за најдобар ракометар во 2012 година, според Светската ракометна федерација (ИХФ).

Нарсис кој е играч на Кил, е шестиот Французин кој го добива ова престижно признание кое за првпат беше доделено 1988 година.

Сонародници на Нарсис кои биле прогласени за најдобри светски ракометари на годината се: Џексон Риџард (1995), Стефан Стеклин (1997), Бертран Жил (2002), Никола Карабатиќ (2007) и Тијери Омејер (2008).

Во изборот на ИХФ учествуваа ракометни работници, новинари, навивачи, а 25% од нив својот глас го дале за францускиот ракометар.

Второто место на листата што денеска ја објави ИХФ се наоѓа минатогодишниот победник победник Микел Хансен (Данска) со 21%, а трет е Филип Јиха (Чешка) со 18% освоени гласови.

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он