Наместо на Вимблдон, Ѓоковиќ на одмор

Од:

Во моментот, додека Роџер Федерер и Енди Мареј бијат битка за титулата на Вимблдон и за тоа, кој ќе биде крал на белиот спорт , Новак Ѓоковиќ ќе биде милји далеку од Лондон и централниот стадион.

Ѕвездата не планираше на 7-ми јули да го напушти главниот град на Англија, надевајќи се дека денот на враќање од островот ќе биде неколку дена подоцна , но тоа е, Швајцарецот заслужено победи во полуфиналето со 3-1 во сетови.

Затоа, на Ноле му останува да се одмори, што е можно побрзо да го заборави поразот и итно да анализира зошто не е во состојба да обезбеди континуитет во партијата како 2011-та

Минатата година одигра совршен слем.

„Во споредба со минатата година, може да се каже дека 2012-та не е толку добра според резултатите за мене. Но, ако погледнете, можете да видите дека јас го освовив грен слем , играв во финалето, полуфиналето, освоив неколку големи турнири и бев на чекор до титулата“, изјави Ѓоковиќ, во интервју за „Новости“.

Ѓоковиќ вели дека треба само да продолжи да работи совесно и се надева на најдоброто.

„Со оглед на богатата историја која ја има на Вимблдон, дефинитивно, федерер е фаворит.Тој беше секогаш на врвот. Не освои слем последните неколку години, но беше во финалето и полуфиналето. Тоа е секогаш неизвесната. Ова е тенис. Тој беше доминантен, а потоа дојде Надал. Машкиот тенис е многу интересен“, вели Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ нема да биде на финалето, бидејќи заминува на одмор.

Би можело да ве интересира

Зверев и Пол во третото коло на Австралија Опен

Откажан Австралија опен

Парсел призна дека ги прекршил правилата за антидопинг

На тенисерот Меншик му побараа антидопинг тест среде натпревар

Горан Наумовски

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино