Намалена казната на Панатинаикос

Од:

Кошаркарската Евролига делумно ја усвои жалбата на Панатинаикос и казната од три натпревари на свој терен без присуство на публика ја намали на еден дуел.

Екипата од Атина освен еден натпревар на домашен терен во празна сала ќе траб да плати и парична казна од 40 илјади евра.

Намалувањето на казната е условно и во случај да се повторат инцидентите во публиката и лошата организација на натпреварите во следниве две сезони, од Евролигата најавија драстично повисоки казни за грчкиот шампион.

На натпреварите на Панатинаикос против Барселона во елиминациските дуели од Евролигата, навивачите на „зелените“ од Атина користеа сирени, ласери и пиротехнички средства, а на двете средби кои Пао ги играше како домаќин беше пречекорен и капацитетот на салата.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он