Најголемата зделка во историјата на пикадото: тинејџер ќе стане милионер

Од:

Британецот Лук Литлер потпиша соработка со компанијата Target Darts која произведува пикадо, а британските медиуми овој спонзорски договор го нарекуваат најголем во историјата на пикадото.

Младиот 17-годишник стана светска сензација откако импресионираше на неодамнешното Светско првенство завршувајќи втор по поразот од Лук Хемфрис во финалето.

Таргет Дартс го следи Литлер од неговата 12-годишна возраст, а новиот договор е потпишан само еден месец откако Лук наполни 17 години.
„Сан“ тврди дека се работи за сума од повеќе милиони долари што Литлер ќе ја добие во следните пет до десет години, а ќе заработи и процент од продадената опрема.

“Ова е посебен момент за мене. Ме следат уште од 12 години и со нетрпение очекувам да ја продолжиме нашата соработка. Поддршката и вниманието што го имав ми помогна да одам напред. Изминатите месеци беше бурно, но една од најдобрите работи е тоа што има многу луѓе кои почнаа да играат пикадо“, рече Литлер.

Инаку, Литлер импресионираше кон средината на јануари на турнирот во Бахреин кога фрли nine-darter, односно кога со најмал можен број пикада (9) повлече 501 почетен поен и стигна до нула.

Би можело да ве интересира

Фелон Шерок продолжува да ги победува мажите на СП во пикадо