Фелон Шерок продолжува да ги победува мажите на СП во пикадо

Од:

Фелон Шерок, откако пред неколку дена стана првата жена која победила на натпревар на Светско првенство во пикадо, продолжи да испишува историја, па и во второто коло успеа да совлада свој колега.

Шерок, која има 25 години, најпрвин во првото коло беше подобра од Тед Еветс, а во втората рунда го надигра и Австриецот Менсур Суљовиќ, кој беше 11-ти носител на првенството кое се одржува во Лондон.

Во третото коло, противник на Фелон ќе биде Крис Доби, кој е 22-ри носител. Таа игра добро, полна е со самодоверба и ако ја мине и оваа пречка можеби ќе стигне и до самата завршница и борбата за титулата.

Би можело да ве интересира

Најголемата зделка во историјата на пикадото: тинејџер ќе стане милионер

Предраг Петровиќ