Да, да тоа се најдобрите места за следење на финалниот меч на Вимболдон, а не чинат ниту пени. Кој се доби бесплатни билети за големото финале?
Тежок и мачен пораз за Енди Мареј. Победата е во рацете на Роже Федерер. Дуелот помеѓу двајцата тенисери обезбеди навивачите на обајцата да бидат ставени низ цел спектар на емоции.
Сепак, имаше еден очигледен исклучок – со Викторија Бекам во првите реддови на Вимблдон ложата. Таа очигледно остана недопрена од историските настани што се открива пред неа на теренот на Вимблдон. Викторија и нејзиниот сопруг Дејвид Бекам за време на целиот натпревар беа постојано во фокусот на камерите. Изразот на лицето на Спајс девојка останаа непроменети во текот на целиот меч, оставајќи многу фанови да се прашуваат како таа дојде до така бесценети билет? И зошто воопшто отишла таму.
Сепак, таа не беше единствената славна личност, кој се појави како дел од „бандата“ на Мареј и која успее „да смачка“ бесплатен билет.
Актерот Мет Смит, дури и избрза на интервју за БиБиСи пред натпреварот да се пофали дека тој никогаш не бил на еден тениски меч, се до сега кога од некој непознати причини и тој беше еден од плејадата славни кој си обезбеди бесплатен тикет.
Во меѓувреме, еден поглед околу кралската ложа и централниот дел на Вимболдон, откри голем број на лица од светот на политиката и славните кои успеале да обезбедат место за себе на натпреварот, место до кое беше навистина тешко да се дојде.
Па така камерата ги забележа и Рошел Васјсман и нејзиниот свршеник Марвин Хјумс. Двојката се појави среќна пред камерите, навидум заинтересирани можеби повеќе да се промовираат себеси како најновиот злтаен двоец во поп музиката, отколку да уживаат вонатпревар.
Уште една малку постара музичка ѕвезда, познат љубител на спортот Рони Вуд, исто така, уживаше во натпревар, во присуство на неговата нова девојка Сали Хемфрис.
Забележани на трибините беа и тренерот на Манчестер, Јунајтед Алекс Фергусон и актерот Џуд Ло.
Медиумскиот магнат Руперт Мардок зема воздух надвор од неговите бизнис проблеми и уживаше во натпреварот со неговата сопруга Венди Денг.
Политичката класа исто така беше добро застапена. Шкотскиот Прв Министер Алекс Салмон успеал да дојде до едно од добрите седишта. До него и неговата сопруга Мојра, беше Лондонскиот градоначалник Борис Џонсон, со сопругата Марина.
Во Кралската ложа пак беше сместен премиерот на Велика Британија, Дејвид Камерон, кој со себе ја донесе неговата мајка Марија. Се покажа како страствен навивач во тенисот, тој жесток плескаше и го извикуваше името на Мареј.
На Војвотката од Кембриџ, која оваа година беше редовен посетител на Вимболдон, и се приклучи и нејзината сестра Пипа Мидлтон. И двете сестри наликуваа како да се маѓепсани од играта, навива и правеа гримаси според тоа како среќата во играта на Мареј е флуктуираше.
Таму беше и Принцот Мајкл од Кент, со неговата сопруга. Родителите Мидлтон. Печајот ветеран сер Клиф Ричардс.
Иако родена Британка, уредничката на американскиот Vogue Ана Винтур, беше мешу ретките која не се откажа од нејзината улога како мажоретка на Федерер. На повеќето љубители на тенисот, им е сосема познато дека оваа важна личност од свеот на модата е огромен фан на швајцарската ѕвезда и таа досега се има појавувано многу пати како придружничка на неговата сопруга.