На синоќешниот борбен настан Titan FC 83 во Мајами, се случи, ако не најбрзиот, тогаш сигурно еден од најбрзите нокаути во историјата на ММА спортот, откако Луис Хернандез го нокаутираше Брајан Топ со удар во глава во втората секунда.
Како што може да се види на видеото, Хернандез со подадена десна рака тргна кон противникот, симулирајќи дека сака да се поздрави со противникот пред борбата.
Но, наместо да го поздрави, тој со левата нога го удри директно во главата, го собори на подот и победи.
Unreal ONE second head kick KO by Luis Hernandez at Titan FC. Holy shit. Yes it was announced officially as 1 second. #TitanFC83 pic.twitter.com/CaVpfuARL3
— caposa (@Grabaka_Hitman) July 22, 2023
На видеото јасно може да се види како Топ ја подаде раката во знак на поздрав и дека не очекувал дека Ернандез ќе го шутне, а токму оваа ситуација предизвика бројни коментари на социјалните мрежи, каде се дискутира дали овој потег бил подмолен и неспортски.
По оваа победа, Ернандез стигна до рекорд од 3-0 во кариерата, додека за Топ ова беше петти пораз, со една борба која ја реши во своја корист.